Дали знаете 19/2019

Ѓобеклитепе за кое се претпоставува дека е старо 12 илјади години го променува сето она што се знаеше досега во врска со историјата на човештвото

1203465
Дали знаете 19/2019
göbeklitepe.jpg
göbeklitepe.jpg
aa göbeklitepe.jpg
göbeklitepe.jpg

Дали знаете дека Ѓобеклитепе кое се наоѓа во близина на градот Шанлиурфа е едното од најголемите откритија во светски рамки и дека 2019 година е прогласена за година на Ѓобеклитепе?

Ѓобеклитепе за кое се претпоставува дека е старо 12 илјади години го променува сето она што се знаеше досега во врска со историјата на човештвото.

Пред Ѓобеклитепе се мислеше дека човештвото преминало кон постојан начин на живеење со пронаоѓање на земјоделството и дека освен тоа што не знаеле да го користат железото дури не почнале со производство и на земјени садови, т.ј. грнчарство. Меѓутоа, Ѓобеклитепе покажува дека човекот дури и во периодот кога бил ловец-собирач градел градби и преминал кон вид постојан начин на живеење. Затоа се оценува како „нултна (почетна) точка на историјата“.

Ѓобеклитепе коe е изваденo на светлината на денот на крајот од археолошките ископувања започнати во 1995 година под водство на германскиот археолог Клаус Шмит, во 2018 година е внесен во Списокот на Светското наследство на УНЕСКО.

Ископувањата во областа продолжуваат и се мисли дека би можеле да продолжат во текот на 150 години.

Реализираните површински истражувања покажуваат дека во областа се наоѓаат уште најмалку 15 градби и повеќе од 200 обилисци кои што сѐ уште не биле извадени на светлината на денот.



Слични вести