Во Загреб отворена изложба „Ѓобеклитепе: Човек и живот“

Од 21 до 26 мај во Загреб ќе започне Неделата на турски филмови

1202906
Во Загреб отворена изложба „Ѓобеклитепе: Човек и живот“

Во Археолошкиот музеј на Загреб беше отворена изложба под наслов „Ѓобеклитепе: Човек и живот“.

Изложбата „Ѓобеклитепе: Човек и живот“ која беше отворена во рамките на Неделата на Турција во Хрватска во Археолошкиот музеј на Загреб наиде на големо интересирање.

Амбасадорот на Турција во Загреб Бабур Хизлан во говорот на свеченото отворање рече дека локалитетот Ѓобекли има големо значење од аспект на историјата на целиот свет, не само од аспект на Турција.

Директорот на археолошкиот музеј Сањин Михелиќ во говорот потсети дека 2019 година е прогласена за Година на Ѓобеклитепе и потенцираше на значењето на изложбата.

По изложбата „Анадолска керамичарска уметност“ на Сибел Севим што ќе ја отвори во Археолошкиот институт во Загреб и работилниците кои ќе бидат отворени во рамките на манифестацијата Недела на Турција во Хрватска, од 21 до 26 мај ќе започне Неделата на турски филмови.



Слични вести