Туризмот во Турција 19/2019

Античкиот град Афродисиас, чиј датум на населување се протега до 5000'дитите години пред новата ера, се наоѓа на едно плато на височина од приближно 600 метри од морето, во населеното место Караџасу кај градот Ајдин, во Егејската област на Турција

1203448
Туризмот во Турција 19/2019
afrodisias 1.jpg
Afrodit Tapınağı, Afrodisias.jpg
Hadrian Hamamı, Afrodisias.jpg
Sebasteion, Afrodisias.jpg
afrodisias 4.png
afrodisias3.png

Антички град кој своето име го добил по Афродита, божицата на љубовта и убавината: Афродисиас...

Со зборовите на римскиот император Аугустус „Во цела Азија овој град го избрав за себе“,  во првиот век бил ставен под заштита.

Античкиот град Афродисиас со своите градби кои што прилично на здрав начин успеале да пристигнат до денеска е едниот од значајните археолошки простори во Анадолија.

Се наоѓа на едно плато на височина од приближно 600 метри од морето, во населеното место Караџасу кај градот Ајдин, во Егејската област на Турција.

Најголемиот извор на богатство на градот кој што се храни од природните убавини во кои што се наоѓа, низ историјата пак, го сочинувале мермерните каменоломи во неговата близина.

Афродисиас чиј датум на населување се протега до 5000'дитите години пред новата ера, во вториот век пред новата ера се стекнал со статус на град држава.

Откако бил ставен под заштита од страна на римскиот император Аугустус, му биле признати привилегии како што биле ослободување од плаќање данок и автономија,со што почнал брзо да се развива. Потоа станал престолнина на провинцијата Карија. Во византискиот период поради политички, верски и економски тешкотии почнал да го губи своето значење.

По земјотресот што го претрпел во 7'от век пак, не бил повторно изграден; Афродисиас со текот на времето се претворил во мало градче, а во 12'от век бил целосно напуштен.

Тоа што мермерните градби, статуите, рељефите и написите во Афродисиас биле добро зачувани и како такви пристигнале до денеска, уште повеќе го зголемува значењето на овој антички град од археолошки аспект.

Богатството на мермерните каменоломи во близина на градот, обезбедило да стане центар со висок квалитет во сферата на скулптурата како уметност. Се  прославила и го прочула своето име школата за скулпторство во градот и тоа особено во периодот помеѓу првиот и третиот век.

Во овој град биле обучени десетици скулптори кои биле познати во подрачјето на Средоземното Море (Медитеранот) и кои фрлиле потпис на голем број значајни дела. Со ова лидерство, во сферата на скулптурата со текот на времето се развила школата позната по името „Стилот Афродисиас“.

Храмот на Афродита, како најзначајна градба на Афродисиас, едниот од водечките архитектонски, уметнички и верски центри на античкиот период, за прв пат бил изграден од страна на Асирците во чест на божицата на љубовта и убавината Иштар.

Во првиот век пак, од страна на Римјаните бил наново изграден во чест на божицата Афродита.

Храмот на Афродита на крајот на петтиот век кога во градот преовладеало христијанството бил претворен во црква и биле целосно избришани трагите на поранешниот храм.

Храмот на Себастијан, бањата (амамот) Хадриан, една градба која што се употребувала со спортска и образовна цел, базенот изграден за контрола на водата; се значајни градби на градот украсени со рељефи и статуи.

Во Агората за 8 илјади лица која што се користела како место за собирање и пазар, има ценовник кој што римскиот император Диоклетианус наредил да се напише на мермер и да се закачи на ѕидот. Овој ценовник се оценува како најзначаен пронајдок кој што ја покажува економијата на градот.

Стадиумот Афродисиас е познат како еден од најдобро зачуваните стадиуми на античкиот свет и располага со капацитет за 30 илјади лица.

Античкиот театар пак, ја содржи најстарата троспратна сцена на Анадолија.

Монументалната врата, т.ј. порта на градот, која што и покрај тоа што била изградена пред стотици години се уште се одржала на нозе, со нејзината архитектура и мермерните изработки ги импресионира посетителите.

Античкиот град Афродисиас, заедно и со античките мермерни каменоломи кои што се наоѓаат во областа, во 2017 година е внесен во Списокот на светското наследство на УНЕСКО. 

На оние кои ќе дојдат во градот Ајдин за да го посетат античкиот град Афродисиас ние им предлагаме да не се вратат без претходно да го посетат светилиштето на Аполон во Дидим, без да шетаат по плажите на Дидим со единствена убавина и да се капат во морето, и се разбира да пробаат и од овдешните извонредно вкусни локални специјалитети на егејската кујна во која преовладува маслиновото масло.



Слични вести