Американската музичка група Пинк Мартини приреди концерт во Истанбул

Основачот на групата пијанистот Томас М. Лаудердале, вокалистот Чајна Форбс и другите членови на групата со извонредниот перформанс им приредија одлична забава на своите обожаватели во Истанбул

1203178
Американската музичка група Пинк Мартини приреди концерт во Истанбул

Познатата американска музичка група Пинк Мартини во рамките на својата светска турнеја синоќа се сретна со своите обожаватели во Истанбул каде што приреди концерт.

Пинк Мартини на концертот презентираше широк репертоар составен од песни на различни јазици и од различен вид.

Основачот на групата пијанистот Томас М. Лаудердале, вокалистот Чајна Форбс и другите членови на групата со извонредниот перформанс им приредија одлична забава на своите обожаватели.

На концертот беа испеани голем број познати песни како „Amado Mio“, „Sympathique“, „Ich Dich Liebe“, „Donde Estas Yolanda“, „Anna“, „Exodus“ и „Tomato“, а исто така беа испеани и турски песни како „Ашким Бахарди“ и „Ускудар“.

Музичката група Пинк Мартини по Истанбул ќе продолжи со концертите во Турција во чии рамки на 17 мај (денеска) ќе настапи во Измир, на 18 мај во Адана, на 20 мај во Анкара и на 21 мај во Конја.

 



Слични вести