Таркан одржа концерт во Москва

Таркан во изјавата за печатот рече дека по подолг временски период повторно имал можност да одржи концерт и дека многу му недостасувале руските обожаватели

1201371
Таркан одржа концерт во Москва
tarkan moskova2.jpg
tarkan moskova1.jpg

Познатиот турски поп интерпретатор Таркан одржа концерт во Москва.

Во рамките на Годината на меѓусебното одбележување на културата и туризмот меѓу Турција и Русија, илјадници руски обожаватели на Таркан во салата Crocus City Hall го проследија концертот во живо.

На концертот на Таркан кој го проследи и Амбасадорот на Турција во Москва Мехмет Симсар меѓу гледачите имаше и стотици Турци кои живеат во Москва.

Таркан во изјавата за печатот рече дека по подолг временски период повторно имал можност да одржи концерт и дека многу му недостасувале руските обожаватели.

Таркан на двочасовниот концерт големо внимание привлече со сценската изведба.



Слични вести