Слика на францускиот уметник Клод Моне продадена за 110,7 милиони долари

Со јавно наддавање во аукциската куќа „Сотбис“ во Музејот на современата уметност во Њујоркм, слика на францускиот импресионистички уметник Клод Моне е продадена за 110,7 милиони долари

1201876
Слика на францускиот уметник Клод Моне продадена за 110,7 милиони долари

Слика на францускиот импресионистички уметник Клод Моне, која се наоѓала меѓу купишта слама е продадена за 110,7 милиони долари.

Според веста на британскиот јавен сервис „BBC“, сликата на Моне со маслени бои која уметникот ја завршил во 1890 година била изнесена на продажба со јавно наддавање во аукциската куќа „Сотбис“ во Музејот на современата уметност во Њујорк и најде купувач за 110,7 милиони долари , што претставува рекордна цена платена за едно дело на овој француски ументик.

Како што се вели за прв пат за една импресионистичка слика се платени над 100 милиони долари, додека не беше соопштено името на купувачот кој излезе како победник од битката во наддавање што ја водеше со уште 5 мина други заинтересирани купувачи кои учествуваа на аукцијата. 

Поголемиот дел од 25'те дела меѓу купишта од слама на кои Клод Моне го прикажува (насликува) руралниот живот во близина на неговиот дом во областа Нормандија, се изложуваат во уметничките галерии ширум светот.

Слика на Моне за која беше платена највисока цена досега беше неговата слика Nympheas en fleur (Нимфи кои цветаат).

Оваа негова слика во мај 2018 година беше продадена за 84,7 милиони долари.



Слични вести