Претседателството на Турците во странство и роднински заедници во посета на северниот дел на Сирија

Абдуллах Ерен, претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) и делегацијатаво негова придружба го посетија северниот дел на Сирија

1202014
Претседателството на Турците во странство и роднински заедници во посета на северниот дел на Сирија

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен и делегацијата во негова придружба остварија посета на подрачјата на операциите Еуфратски штит и Маслиново гранче во северниот дел на Сирија, кои беа исчистени од тероризмот.

Делегацијата направија увид на лице место на активностите за образование во населените места Азез, Џераблус,  Баб и Чобанбеј кои се наоѓаат наспроти градот Килис, на спротивната страна на границата на сириска територија, а ги посетија и овдешните локални универзитети.

На ифтарот што се одржа во културниот центар во Чобанбеј кој беше изграден од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници, како завет на првиот војник кој стана шехид (го загуби животот) во операцијата Маслиново гранче во Африн, делегацијата освен со  децата сираци се состана и со локалниот народ. 

Абдуллах Ерен истакна дека YTB води голем број активности со цел да се придонесе во академскиот развој на голем број млади кои поради граѓанската војна во Сирија биле приморани да го остават своето образование, Ерен информира дека овие млади ќе заземат значајна улога во повторната изградба на Сирија. 

Велејќи дека во оваа точка Претседателството на Турците во странство и роднински заедници  (YTB) има мошне сериозна одговорност во врска со високото образование на Сиријците, Абдуллах Ерен рече: "Нашата институција ја исполнува одговорноста во врска со високото образование на Сиријците во Турција. Даваме придонес на образованието на сириските ученици во камповите и градските центри. Во овие подрачја исчистени од тероризмот пак, посакавме да извршиме набљудување по прашањето на можноста да се реализира високо образование и да се сретнеме со нашите туркменски  браќа и со нашите други роднински заедници."



Слични вести