Дали знаете 18/2019

Троја која се наоѓа во близина на градот Чанаккале е едниот од најпознатите антички градови во светот

1201986
Дали знаете 18/2019

Дали знаете дека античкиот град Троја секоја година се посетува од страна на повеќе од 500 илјади лица?
Троја која се наоѓа во близина на градот Чанаккале е едниот од најпознатите антички градови во светот. 9’те слоја кои што се установени во Троја покажуваат време од непрекинати 3000 години и ни овозможува да ги набљудуваме цивилизациите кои што се населиле на овие единствени територии каде што се обединуваат Анадолија, Егејот и Балканот.

Најраното населување во Троја е од раното Бронзено доба од 3000’тите до 2500’тите години пред новата ера. Слоевите на Троја кои што потоа биле постојано населени завршуваат со римскиот период и датираат од 85’тата година пред новата ера до 8“от век од новата ера.  

Поради својата географска местоположба Троја постојано зазела мошне значајна улога од аспект на трговските и културните врски на цивилизациите кои што владееле на овие територии, со другите области.

Освен тоа овој значаен град со непрекинатото наслојување, т.ј. непрекинатата стратификација која што го презентира служи како референца за другите археолошки простори во Европа и Егејот. 

Ископувањата кои што најпрвин биле започнати во 1871 година од страна на Хенрих Шлиман сеуште продолжуваат во овој величествен археолошки град.

Троја во 1998 година е внесена во Списокот на светското наследство на УНЕСКО.
 



Слични вести