Утре на плоштадот Султанахмет во Истанбул почнува Саемот на книгата и културата на Турција

„Саемот на книгата и културата на Турција“ кој ќе се одржи на плоштадот Султанахмет во Истанбул, своите врати за посетителите ќе ги отвори утре

1200930
Утре на плоштадот Султанахмет во Истанбул почнува Саемот на книгата и културата на Турција

Завршени се подготвоките на плоштадот Султанахмет во Истанбул за „Саемот на книгата и културата на Турција“ кој од страна на Фондацијата за верски прашања „Дијанет“ на Турција (TDV) оваа година се одржува по 38'ми пат.

Саемот кој ќе се одржи на плоштадот Султанахмет, своите врати за посетителите ќе ги отвори утре.

Големата Џамија Чамлиџа, ќе биде втора адреса во Истанбул на саемот оваа година.

„Саемот на книгата и културата на Турција“ која од 1981 година во текот на 28 години се одржува на плоштадот Султанахмет во Истанбул, ќе пречека приближно 250 издавачи.

Саемот ќе биде отворен до 31 мај и дневно се има за цел да го посетат 10 илјади лица.



Слични вести