Турскиот филм „Ноевиот рид“ освои две награди на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк

Филмот „Ноевиот рид“ (Nuh Tepesi) беше награден со 2 награди на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк, во Соединетите Американски Држави (САД) и тоа со награда за „најдобро сценарио“ и „најдобра машка улога“

1194320
Турскиот филм „Ноевиот рид“ освои две награди на филмскиот фестивал Трибека во Њујорк

Турскиот филм „Ноевиот рид“ (Nuh Tepesi) доби 2 награди на филмскиот фестивал Трибека кој што продолжува во Њујорк во Соединетите Американски Држави (САД).

Филмот  „Ноевиот рид“ (Nuh Tepesi) во режија на Џенк Ертурк кој воедно е и сценарист, беше награден со 2 награди на филмскиот фестивал Трибека кој започна на 24 април во Њујорк, а ќе заврши на 5 мај, во недела.

Џенк Ертурк ја доби наградата за „најдобро сценарио“, а Али Атај наградата за „најдобра машка улога“.

Во објавеното соопштение од страна на Генералниот конзулат на Турција во Њујорк се вели следното: „Филмот Ноевиот рид (Nuh Tepesi) постигна величествен успех на филмскиот фестивал Трибека. Честитки поради тоа што на најдобар начин ја претставивте нашата земја, благодарност од се срце.“

Во филмот „Ноевиот рид“ (Nuh Tepesi) освен Али Атај настапуваат и познати турски актери како Халук Билгинер и Ханде Догандемир.



Слични вести