Мухамед - најпреферирано име во Берлин

Луис беше второто име кое беше најмногу дадено на новородените во градот

1194219
Мухамед - најпреферирано име во Берлин

Минатата година најпреферирано име кое им беше дадено на новороденчињата во Берлин беше Мухамед.

Според резултатите од истражувањето на Друштвото за германски јазик (Gfds), лани на 280 од 22 илјади 177 машки деца кои што се родија во Берлин им беше дадено името Мухамед.

Луис беше второто име кое беше најмногу дадено на новородените во градот и тоа на 244 деца, додека Емил беше дадено на 234 новороденчиња.

Името Мухамед беше второ најпреферирано име во германскиот град Бремен.

Според статистичките податоци, лани најпреферирано име на ниво на Германија кај машките беше Паул, кај женските Мари.



Слични вести