Германија спремна за Рамазан

Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) во текот на целиот месец на постот Рамазан ќе приреди ифтарска вечера за 40 илјади лица

1194433
Германија спремна за Рамазан

Турско-исламската унија за верски прашања (ДИТИБ) со седиште во германскиот град Келн во Централната џамија на градот во текот на целиот месец на постот Рамазан ќе приреди ифтарска вечера за 40 илјади лица.

Претседателот на Унијата Казим Туркмен рече дека за време на месецот на постот не само во Келн, туку и во другите 857 џамии во Германија кои се приврзани кон нивната унија ќе се одржат различни манифестации.

Туркмен потсети дека месецот на постот Рамазан ќе започне со клањање на намазот теравија во недела навечер, додека првиот ден на постот ќе биде понеделник. Во една третина од 857-те џамии кои се приврзани кон унијата ќе се приредува ифтарска вечера.

Ние во текот на овој свет месец на постот Рамазан на муслиманите во Германија сакаме на најубав начин да им го пренесеме сфаќањето за правдата испреплетена со милоста и убавината на исламот како и моралните вредности поткрепени со знаење и мудрост.



Слични вести