Доделени наградите на 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“

На церемонијата што се одржа во Концертната сала „Џемал Решит Реј“ во Истанбул, беа доделени наградите на 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ во различни категории

1192532
Доделени наградите на 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“

Заврши манифестацијата „ТРТ денови на документарниот филм“ во организација на Турската радио и телевизија (ТРТ) која оваа година се одржа по 11'ти пат, а со цел поддршка на аматерските и професионалните сниматели на документарни филмови.

На церемонијата што се одржа во Концертната сала „Џемал Решит Реј“ во Истанбул, беа доделени награди во различни категории.

Наградата  на 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“, за „Најдобар филм“ во „Национална професионална категорија“ ја доби Ридван Караман со филмот по име „Хотел на осамените“ („Kimsesizler Oteli“), наградата на „Министерството за култура и туризам“ ја доби Мурат Ерун со филмот „Стравот на заболекарот“ („Dişçinin Korkusu“), а наградата за „Трето место“ му припадна на Озер Кесемен со филмот „Забоболка“ („Diş Ağrısı“).

Во „Меѓународна категорија“ наградата за „Најдобар филм“ ја добија Алесандро Касиголи и Касеј Кауфман со документарецот „Пеперутка“, наградата на „Министерството за култура и туризам“ ја доби Јост Вандебруг со документарецот „Брус Ли и крадецот“, а наградата за „Трето место“ ја добија Крис Мартин со документарецот „Во последен момент“ и Лаки Лорентзен со документарецот „Полноќно семејство“.

Во „Националната категорија на ученички филмови“ наградата за „Најдобар филм“ ја добија Угур Ерсоз и Нусрет Огузхан Јилдиз со документарецот „Летечки човек“ („Uçan Adam“), наградата на „Министерството за култура и туризам“ ја доби Толунај Текмек со филмот „Розов идентитет“ („Pembe Kimlik“), а наградата на „Универзитетот Мармара“ му беше доделена на Берриз Оз за документарецот „Дали знаеш“ („Biliyon Mu?“).

Освен категориите Меѓународна, Национална професионална и Ученички филмови, оваа година на три од проектите кои што сеуште не се завршени и кои се во фаза на идеја им беше доделена награда за „Натпревар во поддршка на проект“.

Добитници на оваа награда беа Асуман Ерѓунеј со филмот „Се вика Адиле“ („Adı Adile“), Фејзи Баран со филмот „Марамата на Ниче“ („Nietzsche'nin Mendili“) и Муса Ак со филмот „Далеку“ („Uzak“).

На 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ која што беше започната од страна на Турската радио и телевизија ТРТ во 2009 година, оваа година беа доставени апликации (пријавувања) вкупно 1.605 филмови од 101 земја во светот од кои 1.397 филмови во меѓународна категорија.

Во текот на фестивалот во 6 одделни сали беа прикажани пред гледачите на филмот и учесниците 80 документарци.



Слични вести