Најстарата трага од стапало на американскиот континент откриена во Чиле

Се соочуваме со остатоци од човечки тела кои датираат од пред 15 600 години, рече палеонтологот Карен Морено

1191821
Најстарата трага од стапало на американскиот континент откриена во Чиле

Научниците ја потврдија информацијата дека најстарата трага од стапало на американскиот континент беше онаа која што пред 9 години беше откриена во Чиле.

Според статијата која беше објавена во научното списание „PLOS ONE“, научниците на Чилеанскиот Антарктички универзитет (UACh) докажаа дека трагата од стапалото откриена во 2010 година во рамките на археолошките ископувања во локалитетот Пилаучо во чилеанскиот град Осорно е најстарата трага од стапало на американскиот континент.

Трагата од стапалото датира од пред 16 илјади и се вода истражувања за да се докаже дали трагата припаѓа на некое животно.

Откриената трага од стапало е долга 23 цм и истражувањата покажуваат дека таа припаѓа на возрасно живо суштество.

Според информациите објавени во медиумите на Чиле, палеонтологот Карен Морено која раководи со истражувањата на Чилеанскиот Антарктички универзитет рече:

„Се соочуваме со остатоци од човечки тела кои датираат од пред 15 600 години. Досегашните резултати покажуваат дека трагата од стапалото во Палучо е најстарата трага на луѓето на американскиот континент.

Од друга страна пак, во статијата се истакнува дека орудијата и алатките од камен откриени на длабочина од 3 метри во локалитетот ја зајакнуваат веројатноста за колонијализмот во раниот период на Јужна Америка.



Слични вести