4 одделни стипендии од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) ќе додели 4 одделни стипендии за да се помогне во зголемувањето на бројот и квалитетот на истражувањата кои што ќе се реализираат во врска со проблемите на Турците во странство

1191363
4 одделни стипендии од Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) објави програма за стипендија во 4 различни сфери, а со цел поддршка на образовните и академските студии на турските граѓани кои живеат во странство.

Според објавеното писмено соопштение од YTB, Претседателството ќе додели 4 одделни стипендии за да се помогне во зголемувањето на бројот и квалитетот на истражувањата кои што ќе се реализираат во врска со проблемите на Турците кои живеат во странство и да се придонесе младите да ги научат од уште поблиску турскиот јазик и турската култура.

Со програмата „Награди за успех на испитот за завршување гимназија за граѓаните во странство“ ќе бидат наградени младите кои постигнуваат успех во гимназиското образование во странство. 

Со програмата „Награди за супериорен успех Фуат Сегзин“ пак ќе им се додели еднократна поддршка од стипендија на кандидатите кои се запишани или кои завршиле додипломска проргама, постдипломска програма и докторат во сферата на природните науки, инженерството, здравствените, општествените и хуманитарните науки.

Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), освен наведените програми отвори и „Програма за стипендија за теза истражување“, а со цел поддршка на академските студии на граѓаните кои живеат во странство. Со оваа програма се има за цел да се зголеми бројот на академските истражувања и нивниот квалитет кои што се реализираат во врска со проблемите на граѓаните кои живеат во странство одделно од својата татковина.

Аплицирањата за програмите ќе завршат на 15 јуни.

За едуцирање на учениците кои имаат потреба за изучување на турскиот јазик за турските деца кои живеат во странство пак, меѓу поддршките од стипендија објавени од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) се наоѓа и „Програмата за постдипломска теза за изучување  на турскиот јазик за турските деца во странство“.

Аплицирањата за оваа програма пак завршуваат на 10 јуни.



Слични вести