Во Истанбул започна 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“

Во рамките на 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ започната од Турската радио и телевизија (ТРТ) во 2009 година, во различни сали во Истанбул ќе бидат прикажани избрани документарни филмови

1190328
Во Истанбул започна 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“

Во Истанбул започна 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ во организација на Турската радио и телевизија (ТРТ).

Заменик генералниот директор на Турската радио и телевизија (ТРТ) Тунџај Јурекли во говорот што го одржа на свеченото отворање на манифестацијата, истакна дека ТРТ од чија страна беше запозната Турција со документарниот филм, своето искуство во оваа сфера со посредство на меѓународните денови на документарниот филм успеа да го пренесе и на секторот.

Нагласувајќи дека 11. Меѓународна манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ претставува драгоцена фестивалска традиција  на која би можеле да се состанат документарци од светот и да бидат разменети мислења, како и да се врши културна размена, Јурекли ја изнесе следната констатација: „Чувствуваме голема радост од тоа што во делот од натпреварот и оваа година сме пред вас со избор на еден од друг поквалитетни документарни филмови.“

Во рамките на меѓународната манифестација „ТРТ денови на документарниот филм“ започната од Турската радио и телевизија (ТРТ) во 2009 година со цел поддршка на аматерските и професионалните сниматели на документарни филмови, во различни сали во Истанбул ќе бидат прикажани избрани документарни филмови.

Документарните денови за чија програма на прикажување, како и други детални информации можат да се добијат на интернет страницата www.trtbelgesel.com ќе заврши на 29 април со церемонија на доделување на наградите, а пред тоа се разбира ќе бидат соопштени имињата на добитниците.

Во рамките на натпреварот за кој оваа година се пријавени вкупно 1.605 филмови од 101 земја во светот, од кои 1.397 филмови во меѓународна категорија, ќе бидат доделени различни награди во категории како Професионалци во национален натпревар, Ученички филмови, Меѓународен натпревар и Натпревар за поддршка на проект.  

 



Слични вести