Главниот актер на „Дирилиш Ертугрул“ Енгин Алтан Дузјатан се сретна со своите обожаватели во Кувајт

Енгин Алтан Дузјатан кој замина за Кувајт по повод една манифестација за промовирање на парфем кој што ќе биде изнесен на пазарот по неговото име, во El-Hamra Tower во главниот град Кувајт се сретна со голем број свои обожаватели

1190737
Главниот актер на „Дирилиш Ертугрул“ Енгин Алтан Дузјатан се сретна со своите обожаватели во Кувајт

Главниот актер на телевизиската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул) која се емитува на екраните на ТРТ 1 на Турската радио и телевизија (ТРТ) и соборува рекорди по гледаност, Енгин Алтан Дузјатан, се сретна со своите обожаватели во Кувајт.

Енгин Алтан Дузјатан кој замина за Кувајт по повод една манифестација за промовирање на парфем кој што ќе биде изнесен на пазарот по неговото име, во El-Hamra Tower во главниот град Кувајт се сретна со голем број свои обожаватели.

На оваа средба на која учествуваше и амбасадорката на Турција во Кувајт Ајше Хилал Сајан Којтак, дојдоа стотици обожаватели на Енгин Алтан Дузјатан, главниот актер на телевизиската серија „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул).

На средбата беа свирени музиките од серијата „Дирилиш Ертугрул“ (Воскреснување: Ертугрул), додека обожавателите на Енгин Алтан Дузјатан (во серијата Ертугрул бег) се натпреваруваа за да сликаат спомен фотографија со него.



Слични вести