Продавница на турски производи во Кина

Најпрвин во 2013-та година во рамките на еден трговски центар кинезот Лу Ке изнајмил простор од 800 метри квадратни и го формирал Базар Парк во кој се продаваат исклучиво производи од Турција

1189773
Продавница на турски производи во Кина

Кинезот Лу Ке кој дипломирал на универзитетот Босфор во Истанбул, инспириран од Капаличаршија, во кинескиот град Тијанџин формирал Базар Парк во кој се продаваат исклучиво турски производи и на тој начин на турските извозници им пружа извонредна можност за презентација на своите производи.

Лу Ке поттикнат од турскиот штанд кој имал можност да го види на Шангајскиот саем ЕКСПО 2010, презел иницијатива за формирање концепт на продавница за која мислел дека ќе го привлече вниманието.

Најпрвин во 2013-та година во рамките на еден трговски центар изнајмил простор од 800 метри квадратни и го формирал Базар Парк во кој се продавале исклучиво производи од Турција.

Во продавницата се изложени илјадници турски производи како што се порцелански, суви смокви, украсни дизајнирани стаклени предмети, кикирики од Антеп и на тој начин се прави реклама на туристичките дестинации во Турција.

Архитектурата и ентериерот на продавницата беа дизајнирани од страна на еден Турчин кој за модел ја зеде Капаличаршија во Истанбул.

Втората продавница која беше отворена во 2015 година, годишно ја посетуваат околу 500 илјади Кинези.

Турските прехранбени производи, порцелан и стаклени производи привлекуваат големо интересирање.

Кикириките од Антеп, турскиот сладолед, кожните јакни, розова вода, турскиот локум многу им се допаѓаат на Кинезите.



Слични вести