23 април Ден на националниот суверенитет и Празник на детето

Денеска во цела Турција со различни манифестации се слави 23 април Денот на националниот суверенитет и Празник на детето

1188251
23 април Ден на националниот суверенитет и Празник на детето

Денеска славиме еден значаен празник за нашата земја.

Денот на отворањето на Големото Народно Собрание на Турција (ТБММ) на 23 април во 1920 година подоцна почна да се слави како Ден на националниот суверенитет и Празник на детето. Овој ден, т.ј. празник почна да се слави со обединување на датумот на укинување на салтанатот, односно династијата и користењето на Националниот суверенитет од страна на народот и на Празникот на детето за да се израдуваат децата чии татковци го положиле својот живот (станале шехиди) за време на народноослободителната борба.

Се слави како празник во голема радост и со големи прослави, од страна на децата на училишна возраст насекаде низ Турција.

Нашите деца на манифестациите подготвени од страна на нивните учители заедно и со своите семејства, овој празник го слават и одбележуваат во радост, веселба и со прослави.



Слични вести