Во градот Самсун одржана гала претставата на 41. Меѓународен фестивал на детето 23 април

Во градот Самсун се одржа гала претставата на 41. Меѓународен фестивал на детето 23 април на кој учествуваат деца од 40 земји ширум светот

1187508
Во градот Самсун одржана гала претставата на 41. Меѓународен фестивал на детето 23 април

Делот во градот Самсун од 41. Меѓународен фестивал на детето 23 април, во организација на Турската радио и телевизија ТРТ, заврши со приредување на гала претставата.

По повод одбележувањето на 100 годишнината од доаѓањето на големиот лидер Мустафа Кемал Ататурк во градот Самсун од каде што на 19 мај 1919 година ја започна народноослободителната борба, во градот се одржуваат различни манифестации и програми.

Во тие рамки, по повод 41. Меѓународен фестивал на детето 23 април во организација на Турската радио и телевизија ТРТ се одржа гала претстава во градот Самсун.

На претставата која што се одржа во спортската сала Јашар Догу децата од 40 земји ширум светот облечени во народни носии ги приредија своите традиционални танци.

Претставата со колоритни слики ја следеа со голема заинтересираност голем број граѓани.

Гостинските деца дојдени од 49 земји во светот ги завршија своите манифестации во градот Самсун, а на 22 и 23 април ќе ги презентираат своите танци во Анкара.



Слични вести