Турција почесен гостин на 41-от Московски меѓународен филмски фестивал

Турција на фестивалот ќе учествува со продуценти, режисери и актери, а турските филмови ќе се емитуваат пред руската гледачи

1185134
Турција почесен гостин на 41-от Московски меѓународен филмски фестивал

Во рамките на Турско-руската година на меѓусебната култура и туризам, Турција ќе биде земја почесен гостин на 41-от Московски меѓународен филмски фестивал што ќе се одржи до 18 до 25 април.

Според писменото соопштение кое беше објавено од страна на Министерството, 41-от Московски меѓународен филмски фестивал на кој почесен ќе биде Турција со поддршка на Министерството за култура и туризам се очекува да даде значаен придонес во натамошниот развој на односите меѓу двете земји кои во последните години се повеќе се развиваат.

Турција на фестивалот ќе учествува со продуценти, режисери и актери, а турските филмови ќе се емитуваат пред руската гледачи.

Филмот „Стапица“ (Капан) на турскиот режисер Сејид Чолак ќе биде прикажан во рамките на главниот натпревар и на тој начин ќе ја оствари светската премиера. Меѓу членовите на жирито се наоѓа и турскиот режисер Семих Капланоглу.

Во рамките на фестивалот ќе биде прикажан посебен репертоар на турски филмови пред руските гледачи. Репертоарот на турските филмови кои ќе бидат прикажани се состои од следните филмови: „Пченица“ на Семих Капланоглу, „Дивата круша“ на Нури Билге Џејлан, „Оглас“ на Махмут Фазил Џошкун, „Долг“ на Вуслат Сарачоглу, „Гулаб“ на Бану Саваџи „За нас е шампион“ на Ахмет Катиксизи и „Време на одење“ на Орхан Тепелиоглу. Во рамките на фестивалот се предвидува да се одржи состанок на претставниците на турско-руската индустрија за снимање серии и филмови чија цел ќе биде да се зближат секторите на двете земји, да се остварат заеднички проекти и да се развие културната  трговска соработка.



Слични вести