Дали знаете 16/2019
Дали знаете дека турскиот локум е светски познат и дека меѓу познатите личности кои го сакале многу ова турско слатко биле Наполеон, Винстон Черчил и Пикасо?







Дали знаете дека турскиот локум е светски познат и дека меѓу познатите личности кои го сакале многу ова турско слатко биле Наполеон, Винстон Черчил и Пикасо?
Локумот е традиционално турско слатко кое што се подготвува со вода, шеќер и нишаста. Се раскажува дека зборот локум потекнува од збор на Османлиски кој значи „релаксувач на грлото“. Заедно со тоа што е познат во Анадолија уште од 15’от век, локумот е распространет во границите на Османлиската Империја особено во 17’от век, додека со посредство на еден англиски патеписец почнал да го прочујува своето име во 18’от век и во Европа и тоа под името „Turkish Delight“, односно „Турски деликатес“. Локумот претходно бил подготвуван со мед или пекмез и со брашно, а потоа во 17’от век со пронаоѓањето на рафинираниот шеќер и особено нишастата и нивното донесување во земјата, биле променети и начинот на подготвување и вкусот на локумот.
Локумот бил многу сакан од страна на голем број светски лидери како Винстон Черчил и Наполеон, а воедно многу му се допаѓал и на светски познатиот уметник Пикасо од чија страна бил оценуван како производ кој ја зголемува концентрацијата.
Денеска пак постојат најразлични видови локум како обичен, со лешници, фистак, ореви, бадеми, кокосов орев, портокал, ружин лист, јагоди, лимон, нане, ванила, ѓумбир и уште други најразлични видови.