Дали знаете 15/2019

Дали знаете дека сарајот Исхак Паша, во Догубaјазит кај градот Агри е првиот сарај со систем на централно греење?

1183740
Дали знаете 15/2019
Ishak Pasha 8.jpg
Ishak Pasha.jpg
Ishak Pasha 7.jpg
Ishak Pasha 9.jpg

Дали знаете дека сарајот Исхак Паша кој се наоѓа во населеното место Догубaјазит кај градот Агри е првиот сарај со систем на централно греење? 

Изградбата на Сарајот Исхак Паша, едниот од најубавите примери на турската архитектура започнала во 1685 година, а била завршена за 99 години. По сарајот Топкапи е едниот од највеличествените изградени сараи.

Се подразбира дека Пашата од чија страна бил изграден, со величественоста на сарајот сакал да ја покаже својата моќ наоколу и кон централната власт.

Празнините кои што се забележуваат внатре во камените ѕидови покажуваат дека сарајот бил затоплуван со систем на централно греење, кој што потсетува на инсталација за греење.

Со оваа негова карактеристика Сарајот Исхак Паша е познат како прв сарај со систем на централно греење во историјата, во светот.
 



Слични вести