Награди од Советот на Европа за општините Каршијака во Измир и Едремир во Баликесир

Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) ја награди општината Каршијака на градот Измир со „почесна плакета“, а општината Едремир на градот Баликесир со „почесно знаме“

1182415
Награди од Советот на Европа за општините Каршијака во Измир и Едремир во Баликесир

Комитетот за социјални работи, здравство и одржлив развој на Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) ги соопшти на јавноста општините кои беа наградени со „европска награда“ и со „почесни плакати“, „почесни знамиња“ и „европски дипломи“.

Според објавеното соопштение од Комитетот, добитник на годинашната „европска награда“ стана општината Сан Себастијан во автономната област Баскија од Шпанија. 

Инаку, по прелиминарните вреднувања како последно за кандидати за „европската награда“ останаа 5 града и тоа Сан Себастијан во Баскија од Шпанија, Измир од Турција, Бамберг од Германија, Болеславиец од Полска и Иси-ле-Мулино од Франција.

Притоа најголемата награда на Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ) „европската награда“ и беше доделена на општината Сан Себастијан во автономната област Баскија на Шпанија.

Добитници на „почесни плакети“ пак, кои се оценуваат како втори големи награди, беа општината Каршијака на Измир од Турција, општините Меудон и Суреснес на Париз од Франција, Флотведел и Рехау од Германија, Миовени од Романија, Кмелнитскји од Украина.

Наградите "почесни знамиња" на Парламентарната Асамблеја на Советот на Европа (ПАСЕ), им беа доделени на општината Едремит во Баликесир од Турција, Ангерс од Франција, Штутгарт од Германија, Моравица и Остров Виелкополски од Полска, Земне од Република Словачка и Лвив од Полска.

Добитници на "европски дипломи" беа Есте, Норма и Вентотене од Италија, Баиенфурт, Малчин, Неустад беи Кобург и Умкирч од Германија и Молет дел Валес од Шпанија.



Слични вести