Кападокија сезоната ја започна со пораст на туристите за 14,5 отсто

Подрачјето кое туристите ги привлекува со неспоредливите убавини: самовилските оџаци, долините покриени со природните длабнатини на меките карпи, историските манастири издлабени во карпите, турите со балони на топол воздух, бележи сериозен подем

1179102
Кападокија сезоната ја започна со пораст на туристите за 14,5 отсто

Бројот на туристите во првите три месеци кои што ја посетија Кападокија,  кој важи за еден од најзначајните туристички центри на Турција се зголеми за 14,5 отсто во споредба со минатата година и изнесува 440 илјади 686 лица.

Подрачјето кое туристите ги привлекува со неспоредливите убавини како што се самовилските оџаци, долините покриени со природните длабнатини на меките карпи, историските манастири издлабени во карпите, бутик хотелите и турите со балони на топол воздух, годинава бележи сериозен подем од аспект на посетеноста.

Според податоците на Градската дирекција за култура и туризам, во периодот јануари-февруари-март, во 2014 година подрачјето го посетија 379 илјади 713, во 2015 година 364 илјади 563, во 2016 година 182 илјади 162, во 2017 168 илјади 478, во 2018 година 384 илјади 862, годинава пак 440 илјади 686 туристи.

Бројот на туристите коишто го посетија туристичкиот центар Кападокија во првиот квартал на годинава е најголем во последните шест години.

Најмногу домашни и странски туристи привлече Музејот под отворено небо Ѓореме и тоа 208 482, Подземниот град Кајмакли 94 993, Подземниот град Деринкују 66 203.

Претседателот на Кооперацијата за развој на туризмот на Ѓореме Мустафа Дурмаз рече дека во првото тромесечје Кападокија беше домаќин на поголем број туристи од Далешниот Исток и Европските земји, додека со затоплувањето на времето туристичката сезона ќе го надмине бројот на туристите.



Слични вести