Институциите на Турција со улога на мост 13/2019

Обемот и видовите стипендии кои што се доделуваат од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB)

1179348
Институциите на Турција со улога на мост 13/2019
ytb.jpg
ytb.jpg
YTB 1.JPG

Како што ќе се сетите, во рамките на проектот под наслов „Стипендии на Турција“ на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB), говоревме за стипендиите и за процесот на нивно доделување. Денеска ќе се осврнеме на обемот и видовите на стипендии со што ќе го заокружиме насловот посветен на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

ДЕТАЛИ ВО ВРСКА СО СТИПЕНДИИТЕ

 Што опфаќа стипендијата?

  1. Месечен џепарлак

 • За додипломски студии: Месечно 700 турски лири

 •  За магистратура: Месечно 950 турски лири

 •  За докторат: Месечно 1.400 турски лири

 •  За стипендии за истражување*: Месечно 3.000 турски лири

 •  За програма за летна школа за изучување на турскиот јазик**: Месечно 500 турски лири

 •  За програма за комуникација на турски јазик за државни службеници и академици***: Месечно 2.000 турски лири

* Стипендиите за истражување, се состојат само од месечен џепарлак

** Програмата за летна школа за изучување на турскиот јазик опфаќа: месечен џепарлак, сместување, здравствено осигурување, социо-културни активности.

*** Програмата за комуникација на турски јазик за државни службеници и академици опфаќа: месечен џепарлак, сместување, трошоци за патување, социо-културни активности.

Стипедниите за додипломски и постдипломски студии освен месечен џепарлак содржат:

2. Школарина

3.  Еднократен повратен авионски билет

4.  Здравствено осигурување

5. Сместување

6. Едногодишна настава (курс) по турски јазик.

Времетраењето на доделувањето на стипендиите е вака;

•  За додипломски студии: Едно годишна настава (курс) по турски јазик + 4-6 години стипендија (во зависност од нормалното времетраење на програмата)

•  За магистратура (постдипломски студии): Едно годишна настава (курс) по турски јазик + 2 години стипендија

•  За докторат: Едно годишна настава (курс) по турски јазик + 4 години стипендија.

•  За истражување: 3-12 месеци стипендија

•  За програма за летна школа за изучување на турскиот јазик: 2 месеци стипендија

• За програма за комуникација на турски јазик за државни службеници и академици: 8-10 месеци стипендија

ДОДИПЛОМСКИ СТИПЕНДИИ

Програмата за додипломска стипендија е специјално подготвена програма за подносителите на апликација за додипломски студии. За оваа програма можат ад се пријават, односно да аплицираат лица-ученици кои пројавуваат интересирање за различни теми и настави од инженерство до здравствени, т.ј. медицински науки до општествени науки. За да ги видите областите за студирање, катедрите и универзитетите можете да ја посетите интернет страницата на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

ПОСТДИПЛОМСКИ СТИПЕНДИИ

Освен тоа на престижните универзитети на Турција се подготвуваат различни програми за магистратура и докторат во општествените науки, хуманистичките науки, природните науки и инженерството. За да ги видите областите, катедрите и универзитетите можете да ја посетите интернет страницата на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

 



Слични вести