Дали знаете 13/2019

Дали знаете дека првиот покриен купопродажен центар во светот е Капаличаршија во Истанбул?

1179289
Дали знаете 13/2019
kapalıçarşı,iistanbul.jpg
kapalıçarşı (6).jpg
kapalıçarşı (3).jpg
Kapalıçarşı Kapalicarsi 10
kapalıçarşı.jpg
kapalıçarşı (9).jpg

Дали знаете дека првиот покриен купопродажен центар во светот е Капаличаршија во Истанбул?

Првиот и најголемиот покриен купопродажен центар во светот е Капаличаршија во Истанбул. Капаличаршија која е изградена по наредба на османлискиот султан Фатих Мехмет (Мехмед втори освојувачот) е историски простор за купопродажба покриен со покрив и куполи, т.ј. сводови (кубиња) наоколу заобиколен со дуќани т.ј. продавници.

Капаличаршија чии камен темелник е поставен во 1461 година со својот естетски дизајн речиси потсетува на лавиринт со џиновски димензии. Овој историски објект кој што располага со приближно 60 улици и над 3600 дуќани, е поставен на простор со вкупна површина од 30.700 квадратни метри.

На првиот безистен т.ј. бедестен, односно покриена чаршија изградена во 1460’сетите години, му било дадено името Џевахир и приходите од овој безистен му биле оставени на султанот Фатих Мехмет, а за да би и биле доделени на Ајасофија.

Потоа овде биле отворени различни дуќани и тезги за купопродажба со што ова место било доведено во положба на центар на трговскиот живот во Истанбул.

Капаличаршија и денеска ја зачувува онаа нејзина виталност и живописност како во минатото.

Оваа покриена чаршија во зависност од годишното време, секојдневно се посетува од страна на 250 илјади до 400 лица.
 



Слични вести