Туризмот во Турција 14/2019

Џамијата Улу Дивриги и нејзиниот објект Даррушшифа се изградени во 13'от век пред приближно 775 години и се наоѓаат во населеното место Дивриги, кај градот Сивас, во внатрешно-анадолската област на Турција

1177275
Туризмот во Турција 14/2019
sivas divriği 1.jpg
sivas divriği 2.jpg
sivas divriği 3.jpg
sivas divriği 4.jpg
sivas divriği 5.jpg
sivas divriği 6.jpg

Џамијата Улу Дивриги и објектот Даррушшифа, т.ј. лекувалиштето (болницата) со нивната архитектура и извонредните камени изработки се наоѓаат меѓу најзначајните архитектонски дела во Анадолија. Овие дела изградени пред приближно 775 години се состојат од една џамија и болница залепени една до друга. 

И двата објекта во 1985 година се внесени во Списокот на Светското наследство на УНЕСКО.

Џамијата Улу Дивриги и нејзиниот објект Даррушшифа се наоѓаат во населеното место Дивриги кај градот Сивас во внатрешно-анадолската област на Турција. Тоа се објекти од периодот на беглукот Менѓуџекогуллари кој се наоѓал во склопот на Анадолската Селџутска држава. Џамијата била изградена во средината на 13’от век од страна на бегот Менѓуџекли Ахмед Шах, а објектот Даррушшифа е изграден повторно во истите години, од страна на сопругата на Ахмед Шах, Туран Мелек. Главен архитект е Ахлатли Хуррем Шах.

Најзначајна карактеристика на Џамијата Дивриги и Даррушшифа кои располагаат со специјално место меѓу анадолско-турските архитектонски примери од 13’от век, се резбите т.ј. ојмите на нивните врати и столбови... Десетици илјади употребени мотиви кои ги презентираат најубавите примери на камената изработка не се повторуваат и тоа им придава посебна вредност на овие објекти.

Џамијата која располага со турбе со две куполи (свода-кубиња) е обложена со сечен камен и е со правоаголен план. Џамијата има три влеза. На главната влезна врата има мотиви на цвеќиња и е позната како „Рајска врата“ (Џеннет капи).

Вратата на западната страна е украсена со интензивни мотиви на тантела. На вратата во чии украси е употребен и дезен на лале, се наоѓаат фигури на двоглав орел кој ги симболизира анадолските Селџуци и на сокол со наведната глава на напред, како симбол на беглукот Менѓуџек.

Третата врата која се наоѓа на источната страна пак, поради тоа што се претпоставува дека била користена за влегување во џамијата на Шахот, е позната како „Шах Врата“ (Шах капи).

Минберот на џамијата е изработен од абоносово дрво кое инаку е дрво со најдолг животен век во светот и е стар колку и џамијата. Се уште продолжува да ја зачувува својата оригиналност и продолжува да се користи и денеска.

Внатре во џамијата има две сандаци за аманет изработени, т.ј. издлабени од камен. Во овие сандаци луѓето кога оделе некаде ги оставале своите драгоцени предмети и накитот. Каменот за садака пак, кој што исто така се наоѓа внатре во џамијата, бил изработен со цел добродушните луѓе, односно оние кои сакаат да направат добрина да им оставаат садака, т.ј. милостина, на оние кои имаат потреба од помош. 

Болницата во Дивриги кај градот Сивас која е планирана во како општа болница, е едната од најстарите и најзначајните болници во Анадолија кои што успеале да се одржат до денеска.

Лекувалиштето, односно Шифахането, во времето кога било изградено вршело услуга, ѝ за физички, ѝ за духовни лекувања. Во периодот на Османлиската Империја пак, заедно со тоа што продолжило да одигрува задача на лекување, било користено и како медресе.

Ако го посетите градот Сивас за да ги видите Џамијата Улу Дивриги и Деррушшифа, ние ви предлагаме да не се вратите без претходно да ги прошетате историските анови, медреси и калето, да го видите езерото Тодурге каде што се изведуваат и нуркања под мраз, како и да пробате од овдешните локални специјалитети како што се кифлата печена во фурна, сармата и слаткото од јуфка.



Слични вести