Реакции кон учењето на езанот во придружба на оркестар за време на посетата на папата на Рабат

Во исламската вера не се менува принципот за толеранција, соживот и дијалог и тоа е многу пространо начело

1175346
Реакции кон учењето на езанот во придружба на оркестар за време на посетата на папата на Рабат

Светската унија на исламските научници остро реагираше на читањето на езанот во придружба на христијанските и еврејските илахии за време на посетата на духовниот лидер на римокатоличкиот свет папата Францискус на Мароко, односно пречекот во Институтот Мухамед 6-ти имами и муршиди во Рабат.

Во соопштението кое беше објавено од страна на Светската унија на исламските научници по повод вчерашната манифестација на која учествуваше и мароканскиот крал Мухамед 6-ти беше истакнато следното:

„Во исламската вера не се менува принципот за толеранција, соживот и дијалог и тоа е многу пространо начело. Но тоа не значи дека ќе се прават отстапки од некои константни обичаи и ритуали. Многу сме вџашени и шокирани од заедничкото читање на езанот кој претставува еден од најзначајните ритуали на исламската вера со црковните песни во институтот во Мароко.“

Унијата со големо жалење ги следи расцепканоста на исламскиот уммет и прекршувањето на светите вредности, бидејќи толеранцијата се предвидува и во одредбите на исламското право и шеријатот, но никогаш не станува збор за искривување на исламските придобивки и вредности.

Во соопштението меѓудругото беше истакнато дека приоритетна цел на исламскиот свет е заштита на Ерусалим. Покрај тоа што на овие простори се наоѓаат и храмови на другите религии, не треба да се заборави дека Ерусалим е арапска и исламска територија.



Слични вести