Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ)

Муслиманите утре вечер ќе ја слават ноќта Мираџ (Лејлетул Мираџ), вознесението на божјиот пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. во небесата, кон возвишените светови и божјото спокојство

1175074
Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ)

Утре вечер муслиманите ќе ја слават светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) која во исламскиот исламскиот свет се прифаќа како „вознесение во небесата и прочистување“.

Лејлетул Мираџ се совпаѓа со 27'мата ноќ од месецот Реџеп, првиот месец од „трите свети месеци“ кои што почнуваат на 8 март.

Според исламското верување божјиот пратеник Хазрети Мухаммед с.а.в.с. ноќта на Мираџ на покана на Аллах заедно и со Џебраил Алејхиселам кој го предводел во ова патување од Месџид-и Харам патувал за Месџид-и Акса, а оттаму се вознел на небесата, кон возвишените светови и божјото спокојство. На ова патување  божјиот пратеник Мухамед с.а.в.с. патувал качен на крилестото животно наречено „Бурак“.

Клањањето намаз пет пати на ден им беше поставено на муслиманите за фарз (строга должност) на ноќта Мираџ, а беше дадена и радосната вест дека оној кој не признава друг Бог освен Аллах џ.ш., односно оној кој не му препишува здруженик на Аллах џ.ш. ќе оди во рајот и на светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) беа објавени последните два ајети на сурата Бакара кои почнуваат со „Аменеррасулу“.

Освен тоа, на оваа ноќ, севишниот Аллах џ.ш. му објави на божјиот пратеник Мухамед с.а.в.с. 12 наредби (заповеди) со кои се има за цел да се одбранат правото на човекот на живот,  неговата чест и гордост, спокојството на општеството и да се обезбеди довербата.

По повод одбележувањето на светата ноќ Мираџ (Лејлетул Мираџ) од страна на Генералната дирекција за верски услуги при Претседателството за верски прашања, утре вечер во цела Турција ќе бидат организирани различни манифестации.



Слични вести