Во Берлин се одржа прва средба на братските дијаспори од Турција, Азербејџан, Киргистан и Казахстан

Во главниот град на Германија, Берлин, во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) се одржа првата средба на братските дијаспори од Турција, Азербејџан, Киргистан и Казахстан

1171664
Во Берлин се одржа прва средба на братските дијаспори од Турција, Азербејџан, Киргистан и Казахстан

Во организација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) во главниот град на Германија, Берлин, се одржа „Програма за обука за развивање на заедничкиот капацитет кон претставниците на граѓанските организации на туркофонската дијаспора“.

На манифестацијата говореше претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен кој рече: „Наша должност е да развиеме секој вид решение за решавање на проблемите на нашите граѓани кои живеат во странство, изнаоѓање решение за нивните тешкотии, стивнување на нивната носталгија по татковината и зголемување на нивниот просперитет и покачување на квалитетот на животот.“

Со посредство на „Програма за обука за развивање на заедничкиот капацитет кон претставниците на граѓанските организации на туркофонската дијаспора“ што се одржа во органзиација на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) и под координација на Генералниот секретаријат на Турскиот совет (Советот за соработка на туркофонските земји), за прв пат се состанаа братските дијаспори од Турција, Азербејџан, Киргистан и Казахстан.

Во рамките на програмата во Берлин беа разгледани можностите за соработка во однос на заедничките проекти.

ТРЕБА ДА ИЗНАЈДЕМЕ ЗАЕДНИЧКИ РЕШЕНИЈА, ЗА НАШИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен нагласи дека ќе биде погодно искуствата на турската дијаспора во Европа  да се споделуваат со дијаспорите на останатите земји во Советот.

Ерен рече: „Треба да изнајдеме заеднички решенија, за нашите заеднички проблеми. Мошне е значајно да делуваат заеднички членките на Турскиот совет особено во однос на прашања како што се расизмот, исламофобијата и ерозијата на културните и духовните вредости.“

На состанокот освен претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен, учествуваа и генералниот секретар на Турскиот совет (Советот за соработка на туркофонските земји) Багдад Амреев, генералниот секретар на ТУРКСОЈ Дусен Касеинов, амбасадорите на Азербејџан, Казахстан и Киргистан и голем број претставници на граѓански организации.



Слични вести