Недела на турските филмови во Албанија

Неделата на турски филмови во Тирана стартува со филмот „Крадци на гулаби“ (Güvercin Hırsızları)

1171436
Недела на турските филмови во Албанија

Неделата на турски филмови во Тирана стартува со филмот „Крадци на гулаби“ (Güvercin Hırsızları).

На свеченото отворање на неделата на турски филмови која манифестација одржува под покровителство на Институтот Јунус Емре (ИЈЕ) и Генералната дирекција за кинематографија при Министерството за култура и туризам на РТ, присуствуваа амбасадорот на РТ во Тирана Мурат Ахмет Јорук, директорот за Тирана на ИЈЕ Омер Осман Демирбаш, голем број актери и уметници како и љубители на кинематографијата.

Демирбаш во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека на манифестацијата ги донеле најдобрите филмови на турската кинематографија и поканиле низа познати актери.

Во рамките на проектот ќе бидат прикажани филмовите „Проштално писмо од летото во Анкара“ (Ankara Yazı Veda Mektubu), „Смртта на љубовта“ (Sevdaların Ölümü). „Жолто топла“ (Sarı Sıcak), „Кисели јаболка“ (Ekşi Elmalar), „Крадци на гулаби“ (Güvercin Hırsızları) и „Еден ден едно дете“ (Bir Gün Bir Çocuk).

На манифестацијата „Недела на турските филмови“ во Тирана ќе присуствуваат актерката Перихан Саваш која ја игра главната улога во филмот „Смртта на љубовта“ како и актерот Ѓуркан Ујгун кој игра во серијата „Престолнина Абдулхамид“ и главната улога во филмот  „Проштално писмо од летото во Анкара“.

Манифестацијата „Недела на турските филмови“ која се поддржува од страна на Амбасадата на РТ во Тирана и турските и албански здруженија и установи ќе заврши на 30 март.



Слични вести