Институциите на Турција со улога на мост 12/2019

Каков процес функционира за студентите кои ќе се стекнат со право да станат стипендисти на програмата „Стипендии на Турција“ на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) и според кои критериуми се избираат стипендистите

1170355
Институциите на Турција со улога на мост 12/2019
türkiye bursları.jpg
burslar.jpg

Во денешното продолжение од оваа наша програмска содржина ќе продолжиме да ви доставуваме информации во врска со програмата „Стипендии на Турција“ на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB).

Ќе говориме за тоа каков процес функционира за учениците, т.ј. студентите кои ќе се стекнат со право да станат стипендисти и според кои критериуми се избираат.

ИЗБОР НА УЧЕНИЦИТЕ-СТУДЕНТИТЕ

Поднесените апликации, пријавувања за процесот за избор за „Стипендиите на Турција“ се оценуваат, т.ј. вреднуваат согласно академскиот успех на кандидатите, активностите надвор од наставата и другите стручни критериуми.

  1. ПРЕЛИМИНАРНО ВРЕДНУВАЊЕ (ОЦЕНУВАЊЕ):

Сите апликации се разгледуваат согласно основни критериуми како што се минималната академска оценка, возрасната граница и потребните (бараните) документи.

  1. КРАЈНА ЕЛИМИНАЦИЈА:

Апликациите на кандидатите кои се утврдуваат за поволни; внимателно се разгледуваат од страна на Експертската комисија преку низа критериуми како што се академскиот статус, претходните квалификации, сферите на академски интерес, целите во кариерата, доследните/конзистентни избори, содржината/разбирливоста на писмото за намери. По оваа фаза се составува конечниот список на квалификуваните кандидати.

3. РАЗГОВОР/ИНТЕРВЈУ: Кандидатите кои се избираат од над 100 земји и се внесуваат во последниот список се вреднуваат од страна на комисии за разговор/интервју составени од академици и експерти.

4. ИЗБОР: Резултатите од разговорот/интервјуто на падносителите на апликацијата кои се избираат како кандидати од страна на комисиите за разговор/интервју, се вреднуваат од страна на изборна комисија и се подготвува списокот со имиња на подносителите на апликацијата кои ќе добијат стипендија.           

КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР:

Квалификуваните подносителни на апликација се покануваат на разговор/интервју кој што се одржува во нивната земја. Во одредени случаи со подносителите на апликација се остварува разговор/интервју преку интернет или телефон. Комисијата за разговор/интервју во основа се состои најмалку од еден претставник на „Стипендиите на Турција“ и еден академски персонал кој доаѓа од турските универзитети.

Разговорот/интервјуто во основа трае 15 до 30 минути и се остварува во долунаведениот формат:

а) Пречекување и увод

б) Контрола на документите

в) Дознавање на намерата на кандидатот, подносител на апликацијата

г) Академско информирање и цели во кариерата

д) Затворање и поставување прашања од страна на кандидатот до комисијата



Слични вести