Празникот Невруз свечено одбележан во Ескишехир

Невруз е заедничко културно наследство на турскиот свет

1168903
Празникот Невруз свечено одбележан во Ескишехир

Под покровителство на Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) во Ескишехир се организираа низа свечености по повод одбележувањето на Невруз - Празникот на пролетта.

На прославата на Невруз во Ескишехир што се одржа под покровителство на Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) учествуваа потпретседателот на државата Фуат Октај, претседателот на Управата ЈТБ Абдула Ерен, пратеникот од Ескишехор Наби Авџи, ректорот на Универзитетот Анадолу проф. д-р Ертан Чомаклија, генералниот директор на ТРТ Ибрахим Ерен и претставниците и студентите од турскиот свет.

Невруз е заедничко културно наследство на турскиот свет

Потпретседателот на државата Фуат Октај во пораката со честитки по повод празникот Невруз кој се одбележува на широка географија од Централна Азија до Балканот посака празникот да донесе спокојството за целото човештво.

Невруз е празник на љубовта и бериќетот кој првпат почна да се одбележува во Туркистан. Невруз е заедничко културно наследство на турскиот свет. Среќни сме што денес во присуство на младите од различни делови на светот можеме да го одбележиме овој празник. Нашите различности ги сметаме за богатство, а Невруз го одбележуваме без изолирање на другите во братска атмосфера. Сакам да изразам благодарност на Универзитетот Анадолија и Управата за Турците во странство и роднински заедници под чие покровителство се одржа оваа свечена манифестација.

Турција се залага за светскиот Невруз

Абдулах Ерен, претседателот на Управата за Турците во странство и роднински заедници (ЈТБ) во говорот што го одржа во оваа прилика рече дека Турција располага со широка лепеза на луѓе во светот кои ја сакаат нашата земја, покрај нашите граѓани. ЈТБ работи на остварување на воспоставување блиски и срдечни односи и контакти со братските и роднински заедници. Во тој контекст Ерен рече:

Ние сме наследници на една империја. Денес нашата татковина се простира на површина од 784 илјади метри квадратни, а исто така голем број луѓе и сонародници живеат надвор од нашите граници. Како резултат на тоа дека сме наследници на една империја, во светот постојат голем број заедници коишто говорат на турски. Ние сме одговорни да воспоставиме блиски и искрени односи со овие заедници, заклучи Ерен.



Слични вести