Дали знаете 12/2019

Tурскиот морепловец, географ и картограф Пири Реис во 1513 година, уште 300 години пред да биде откриен Јужниот пол Антарктикот ја нацртал картата на овој континент

1167755
Дали знаете 12/2019

Дали знаете дека уште 300 години пред да биде откриен Антарктикот турскиот морепловец Пири Рис ја нацртал картата на овој континент?

Во 1929 година кога Сарајот Топкапи бил преуредуван во музеј на древни дела, група историчари пронашле карта нацртана на кожа од газела. Оваа карта која била нацртана од страна на познатиот турски морепловец, географ и картограф Пири Реис дури во 1513 година, а на која биле прикажани Африка, Америка и Јужниот пол, одекна силно во светот. Бидејќи, откривањето на Јужниот пол било реализирано многу подоцна од времето кога била нацртана оваа карта, односно дури во 1818 година.

Картата на Пири Реис, е едната од најстарите карти кои што биле изработени и успеале да стигнат до денеска, а на кои е прикажан континентот Америка. Оваа карта е изработена во 1513 година од страна на османлискиот адмирал т.ј. Каптан-и Дерја Пири Реис.

Била изработена со обединување на 20 извори меѓу кои се наоѓала и една карта на Кристофер Колумбо и претставува драгоцен историски документ кој што ги содржи географските знаења на европските и муслиманските морепловци, од 16-от век.

Освен тоа, на картата на Пири Реис беа прикажани и бреговите на континентот кои што останале под мраз. Меѓутоа, мразот на континентот бил стопен пред точно 6 илјади години од изработувањето на оваа карта.

Истражувањата покажаа дека оваа карта била изработена т.ј. нацртана во 1513 година од страна на турскиот морепловец Пири Реис. Пири Реис кој го запишал своето име во светската историја како успешен османлиски морепловец, бил и картограф.

Картата на Пири Реис ги покажуваше западните брегови на Африка, источните брегови на Јужна Америка и северните брегови на Антарктикот.

Северните делови на Антарктикот беа крајно детално и прецизно нацртани. Она што најмногу зачудуваше и ден денес зачудува пак, беше како Пири Реис уште пред 300 години да биде откриен овој континент успеал да изработи, т.ј. нацрта една ваква правилна, односно точна и прецизна карта. Оваа карта како додаток на тоа, ги прикажуваше и бреговите кои се наоѓаат под мраз.



Слични вести