Во Анкара отворен најголемиот тематски парк во Европа „Вондерленд Евроазија“
Тематскиот парк Анкапарк „Вондерленд Евроазија“, најголемиот тематски парк во Европа, изграден во Анкара на површина од 1 милион 300 илјада квадратни метри беше отворен денеска од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

„Вондерленд Евроазија“ („Wonderland Eurasia“), кој е изграден во Анкара и е најголемиот тематски парк во Европа, денеска ги отвори своите вратите за посетителите.
Овој простран тематски парк изграден од страна на локалната самоуправа на Анкара на површина од 1 милион 300 илјади квадратни метри беше свечено отворен денеска од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.
Паркот „Вондерленд Евроазија“ се има за цел првата година да го посетат 5 милиони домашни и странски туристи.
Тематскиот парк е изграден за да можат да се забавуваат посетителите од секоја возраст и семејствата, додека во периодот од 23 април до 5 мај во паркот ќе се приредуваат и концерти.
Во паркот има голем број единици за забава и разонада од летечки остров до летечки театар, од ветерни коњаници до пештера од мраз.
Во тематскиот парк, исто така има и повеќе од 2 милиона видови растенија и дрвја.
Цените за влез во тематскиот парк се дневно за деца и возрасни по 25 турски лири, за четири члено семејство 80 турски лири, а годишно со неограничен влез 950 турски лири.
Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во своето обраќање денеска на свеченото отворање на тематскиот парк даде и една радосна вест и соопшти дека од денеска до 31 март вечер Анкапарк „Вондерленд Евроазија“ ќе работи бесплатно.