Туризмот во Турција 12/2019

Градот Дијарбакир, познат по ѕидините и градините Хевсел, низ историјата станал „татковина“ на 33 различни цивилизации од Хуриите до Асирците, од Персијците до Римјаните, од Византијците до Абасиите и од Селџуците до Османлиите

1166750
Туризмот во Турција 12/2019
diyarbakır 8.jpg
diyarbakır 7.jpg
diyarbakır 1.jpg
diyarbakır 3.jpg
diyarbakır 4.jpg
diyarbakır surlar 2.jpg

Дијарбакир е град кој се наоѓа во југоисточноанадолската област на Турција. Поради неговата географска местоположба низ историјата од Дијарбакир поминале голем број цивилизации. Трагите на сиве овие цивилизации денеска се уште се чувствуваат на неговите улици, во џамиите, црквите, мостовите. Минатото не исчезнало во Дијарбакир; продрело во воздухот и во водата на градот.

Дијарбакир е град кој станал „татковина“ на 33 различни цивилизации од Хуриите до Асирците, од Персијците до Римјаните, од Византијците до Абасиите и од Селџуците до Османлиите. Поради тоа што е во својство на врата на Азија која што се отвора кон Месопотамија, низ историјата секогаш бил значаен трговски центар, мост на културата. Се наоѓа на маршрутата на Патот на свилата, поради што овде биле изградени најмонументалните анови и еден од друг поубави мостови. Ѕидините на Дијарбакир и градините Хевсел се меѓу најзначајните историски и културни вредности со кои што располага градот.

Ѕидините на Дијарбакир како да се спротивставуваат на историјата и ги содржат трагите на сите цивилизации кои што поминале оттука. Ѕидините кое што со текот на времето биле обликувани согласно потребите на културите и периодите во областа, располагаат со минато од 7000 години.

На вратите, натписите, украсите на ѕидините во должина од 5,5 километри и на неговите величествени кули, можат да се видат во живо трагите на десетици цивилизации. Ѕидините кои што со четири главни врати во два реда се отвораат кон надвор, по Кинескиот ѕид се познати како најдолги ѕидини во светот.

Градините Хевсел се место кое што се наоѓа помеѓу ѕидините на Дијарбакир и реката Тигар. Илјадници години како ова место се користи како земјоделска област; се говори дека можеби е најстариот резервоар на жито на Месопотамија. На ова плодно земјиште кое што се појавило со намалување на водата на реката Тигар, по житото кое што било претежно сеано во антички времиња, освен познатата лубеница на Дијарбакир за која што се вели дека својата големина ја должи на ѓубрето од гулаби, успева секој вид зеленчук и овошје.

Градините Хевсел, се најголемиот птичји рај на југоисточноанадолската област. Освен на над 180 видови птици се засолниште и за голем број видови животни како видра, лисица, куна, верверичка и еж. Областа со нејзината извонредна панорама која со право ги засенува очите, презентира една навистина спектакуларна визуелна атракција.

Овие извонредни ѕидини и градини поради тоа што се во една органска целина беа вреднувани заедно и го формираа 14'от локалитет на наследство на Турција во светскиот список.

Во 2015 година беа внесени во Списокот на Светското наследство на УНЕСКО.

На оние кои ќе го посетат Дијарбакир им предлагаме освен ѕидините и градините Хевсел, да не се вратат без да ги прошетат и историската чаршија Сипахилер, анот Хасан Паша, џамијата Улу, црквата на Богородица, каравансарајот, старите куќи на Дијарбакир и музеите.

Други наши препораки до вас е да пробате и од извонредните специјалитети на Дијарбакир како што се „нардан аши“ подготвуван од булгур, мелено месо и зачини, „мефтуне“ подготвуванo од јагнешко месо, тиква и модар патлиџан, и „кабурга долмата“ односно ребра долмата којa што се подготвува од ребра од јаре.

 



Слични вести