Турската виолинистка Жулиде Јалчин приреди концерт во Софија

Соло перформансот на главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар Жулиде Јалчин која со својата виолина му придаде живот на делото на Моцарт „Кончерто бр. 5“ познато по името  „Турско Кончерто“, ја маѓепса публиката

1163334
Турската виолинистка Жулиде Јалчин приреди концерт во Софија

Главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар Жулиде Јалчин приреди концерт во главниот град на Бугарија, Софија.

На концертот што се одржа во „Bulgaria Hall“ под диригентство на шеф Свилен Симеонов и во придружба на софискиот оркестар „Симфониета“ беа изведени дела од Волфганг Амадеус Моцарт и Џозеф Хајдн. 

На концертот на кој беа изведени делата на Моцарт „Рондо Ала Турка“ познато како „Турски марш“ и Соната бр. 11 А Мажор“, соло перформансот на главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар Жулиде Јалчин која со својата виолина му придаде живот на исто така делото на Моцарт „Кончерто бр. 5“ познато по името  „Турско Кончерто“, ја маѓепса публиката.

Амбасадорот на Турција во Софија Хасан Улусој истакна дека овие видови манифестации кои што се организираат заеднички од страна на турските и бугарските уметници уште повеќе ги зацврстуваат културните и човечките односи помеѓу двете земји.

Главната виолинистка на Претседателскиот симфониски оркестар Жулиде Јалчин исто така истакна дека е радосна од покажаната заинтересираност за концертот и рече: „Чувствувам многу голема гордост во име на мојата земја.“



Слични вести