Отворена Џамијата Чамлиџа, изградена на највисокиот рид на Истанбул

Утрово со читање на првиот езан (повик за клањање) е отворена Џамијата Чамлиџа во Истанбул, најголемата џамија на Турција

1158718
Отворена Џамијата Чамлиџа, изградена на највисокиот рид на Истанбул
camlica cami.jpg
camlica cami1.jpg
camlica cami2.jpg

Џамијата Чамлиџа која е изградена на највисокиот рид на Истанбул, е отворена за клањање (богослужба).

Утрово се читаше првиот езан (повик за клањање).

Изградбата на Џамијата Чамлиџа започна во 2013 година и траеше 6 години.

На сабах намаз (утринското клањање) во џамијата присуствуваше и кандидатот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) за градоначалник на Истанбул Бинали Јилдирим, а голема заинтересираност покажаа и голем број граѓани. 

Бинали Јилдирим истакна дека Џамијата Чамлиџа која е отворена за клањање (богослужба) со сабах намазот (утринското клањање), е извонредно дело.

Џамијата Чамлиџа која е изградена како комплекс од градби, во која во ист момент ќе можат да клањаат 63 илјади лица ќе биде официјално отворена од страна на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган

Во склопот на Џамијата Чамлиџа освен просторот за клањање (богослужба) има и музеј со површина од 11 илјади квадратни метри, уметничка галерија од 3.500 квадратни метри, библиотека од 3 илјади квадратни метри, сала за конференции за 1.000 лица, 8 уметнички ателјеа и покриено паркиралиште за 3.500 возила. 

Сводот (кубето или куполата) на Џамијата Чамлиџа со пречник од 34 метри го симболизира Истанбул.



Слични вести