Институтот Јунус Емре во Белград организира манифестација на тема „3Т-Трио“

Во првиот дел од манифестацијата „3Т-Трио; Турскиот јазик, турската култура и турската кујна“ беше раскажено за заедничките карактеристики на свадбарските традиции во Турција и Србија

1157866
Институтот Јунус Емре во Белград организира манифестација на тема „3Т-Трио“

Од страна на Институтот Јунус Емре во главниот град на Србија, Белград, е организирана манифестација на тема „3Т-Трио; Турскиот јазик, турската култура и турската кујна“.

Во првиот дел од манифестацијата „3Т-Трио“ беше раскажено за заедничките карактеристики на свадбарските традиции во Турција и Србија.

На манифестацијата на која учествуваше и амбасадорот на Турција во Белград Танжу Билгич, учесниците се стекнаа со можност да разговараат за свадбарските традиции во двете земји.

Во кусиот филм кој што беше прикажан во врска со свадбарските традиции, беше нагласено дека свечената моминска вечера на невестата к'ина и заврзувањето на црвен појас на половината на невестата, на свадбите во Турција и во Србија се исти и во двете земји.

Освен тоа, учесниците на манифестацијата се стекнаа со можност да пробаат и различни традиционални специјалитети од турската кујна како пилав и баклава.



Слични вести