За проргамата „Стипендии на Турција“ за 2019 година се пријавени рекордни 145 илјади 700 лицa

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен соопшти дека за програмата „Стипендии на Турција“ за 2019 година се пријавени рекордни 145 илјади 700 ученици од 167 земји во светот

1157202
За проргамата „Стипендии на Турција“ за 2019 година се пријавени рекордни 145 илјади 700 лицa

За програмата „Сипендии на Турција“ за оваа година се пријавени рекордни 145 илјади 700 лица.

Претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен соопшти дека за програмата „Стипендии на Турција“ за која во 2012 година беа поднесени 42 илјади апликации за 2019 година се пријавени рекордни 145 илјади 700 ученици од 167 земји во светот.

Во објавеното писмено соопштение од YTB им се одделува место на изјавите на претседателот Абдуллах Ерен кој се заблагодари за покажаната голема заинтересираност за „Стипендиите на Турција“ чие пријавување за 2019 година заврши.

Ерен рече: „Заинтересираноста кон Стипендиите на Турција предизвикува радост кај нас. И ние наспроти оваа се поголема заинтересираност и побарувачка се обидуваме да ги зголемиме и развиеме нашите можности за стипеднии.“

Потсетувајќи дека по покажаната голема заинтересираност оваа година беше продолжен датумот на пријавување, претседателот на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници (YTB) Абдуллах Ерен нагласи дека Стипендиите на Турција имаат значаен придонес и во стекнувањето на високото образование во Турција со меѓународен карактер и дека се има за цел бројот на меѓународни студенти стипендисти кој што во моментов изнесува 17 илјади, во 2023 година да се зголеми на 25 илјади.

Во рамките на програмата „Стипендии на Турција“ секоја година им се доделува стипендија на просечно по 5 илјади студенти.

За овие стипендии кои што им се доделуваат само на странски студенти секоја година се аплицира преку интернет.



Слични вести