Карневал во турското село Фајмонвил во Белгија

Преданијата за називот „турско село“ ба фајмонвил потекнуваат дури од 8-от век

1157420
Карневал во турското село Фајмонвил во Белгија
Faymonville karnaval2.jpg
Faymonville karnaval1.jpg

Традиционалниот карневал на жителите на селото Фајмонвил (Faymonville) во Белгија кои со векови се третираат за Турци беше сцена на интересни изведби.

Селото Фајмонвил кое е познато и како „турско село“ во рамките на карневалот беше обоено во црвено бела боја.

Во позадината на оркестарот со турски знамиња се формираше поворка.

Селаните од соседните села облечени во носиите на различни заедници и фолклорните изведби го зедоа своето место во поворката.

Карневалот беше проследен од страна на голем број турски граѓани од Белгија и соседните земји.

Фудбалската екипа на селото РФЦ Турканиа (Унија на турските млади) се натпреварува во аматерската лига со грб од месечина и ѕвезда.

Единствениот хотел во Фајмонвил се вика „Le Vieux Sultan“ (Стариот султан).

Големо внимание во селото Фајмонвил кое се простира на падините на планината Арден на белгиско – германската граница привлекува зградата во центарот на селото која се употребува како библиотека на чиј влез се наоѓа мермер изгравиран со полумесечина и ѕвезда, како и мотивите на прозорците на објектот кои се украсени со турски знамиња.

Во врска со називот „турско село“ на селото Фејмонвил во кое не жиеват Турци, постојат низа преданија кои датираат дури од 8-от век.

Според некои преданија, жителите на селото одбиле да учествуваат во Крстоносните походи, додека според најраспространетото, селото било наречено „турско“ поради тоа што селаните не го платиле данокот на црквата кој што го вовела во 16 и 17 век, поради што се смета дека формирале пакт со муслиманите.



Слични вести