Турција во извозот на телевизиски серии му конкурира на Холивуд

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, во градот Мерсин го изјави следното: „Турција достигна до големи суми во телевизиските серии кои што ги извезува. Освен тоа располага со буџет во износ од 350 милиони долари.“

1156386
Турција во извозот на телевизиски серии му конкурира на Холивуд

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека Турција во извозот на телевизиски серии веднаш по САД, се наоѓа на второ место во светот.

Министерот Ерсој, во градот Мерсин го изјави следното: „Турција достигна до големи суми во телевизиските серии кои што ги извезува. Освен тоа располага со буџет во износ од 350 милиони долари.“

Мехмет Нури Ерсој истакна дека се работи на зголемување на извозот во секторот на телевизиски серии и дека исто така се посакува правилно да бидат претставени турските серии во земјите во кои се прикажуваат.

Велејќи дека е ставена во примена и платформата „Filming Turkey“, министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој го подвлече следното: „Преку оваа платформа ќе се врши промовирање на безброј работи како што се местата со природно плато во Турција, каде би можело да се снимаат филмови, продуценти, продукции и фирми кои што би можеле да се искористат при снимање на филмови, можностите во врска со сето тоа и приходите кои што би можеле да се обезбедат.“



Слични вести