Институциите на Турција со улога на мост 09/2019

Кога ќе погледнеме кон статистичките податоци во 2018 година, гледаме дека за добивање високо образование во нашата земја се обратиле 138 илјади ученици од 164 земји

1156536
Институциите на Турција со улога на мост 09/2019
YTB 3.JPG
ytb.JPG
5bb7727c5d6e7-manset-ilk-9372jpg(1).jpg

Во оваа наша програмска содржина насловена како „Институциите на Турција со улога на мост“, три недели како ве запознаваме со Претседателството на Турците во странство и роднински заедници.

Почнувајќи од денеска, меѓу безбројте проекти кои што се реализираат од страна на Претседателството на Турците во странство и роднински заедници, ќе се обидеме да ви доставиме накусо информации во врска со програмата "Стипендии на Турција" која е ставена во примена во 2012 година и несомнено располага со посебно место.

Прогамата "Стипендии на Турција" не е програма која обезбедува само стипендии за учениците-студентите, истовремено е програма која што и ги сместува студентите на универзитети.

Со оваа своја карактеристика се разликува од другите програми за стипендија во светот.

Кога ќе погледнеме кон статистичките податоци во 2018 година, гледаме дека за добивање високо образование во нашата земја се обратиле 138 илјади ученици од 164 земји. Поради тоа што откако овие студенти го завршуваат високото образование и се враќаат во својата земја ги споделуваат со своите сограѓани своите позитивни мислења и впечатоци во врска со високото образование во Турција и општо за Турција, согледаме дека оваа бројка со секоја година се повеќе расте.

Големиот развој што го презентира Турција во секоја сфера почнувајќи од 2000 тите години, од економскиот развој до социјалните политики, е одразен и на сферата на меѓународното образование, така да почнале да се фрлаат значајни чекори и во оваа сфера.

Стипендиите на Турција освен како месечна стипендија се доделуваат и во склопот на стипендија  како авионски билет, плаќање на школарина за студирање, општо здравствено осигурување, сместување во интернат и образование за изучување на турскиот јазик. Како додаток на тоа, на студентите во времето во кое се наоѓаат т.ј. престојуваат во Турција им се пружаат можности за академски, социјални, културни и спортски активности и програми.



Слични вести