Туризмот во Турција 09/2019

Џамијата Сулејманије во Едирне, која претставува мајсторско дело на архитектот Мимар Синан, едниот од најголемите и најгенијалните архитекти во светот, досега

1154670
Туризмот во Турција 09/2019
selimiye-camii.jpg
selimiye2(1).jpg
selimiye8.jpg
selimiye5.jpg
selimiye(2).jpg
selimiye1(3).jpg

Џамијата Селимије во градот Едирне е едната од значајните историски џамии во Турција и е во потполност мајсторско дело.

Покрај градбите со исклучително значење во историјата на османлиско-турската архитектура, се прикажува меѓу ремек делата и во историјата на светската архитектура.

Џамијата Селимије е изградена во 16'от век во градот Едирне кој во тоа време бил престолнина на Османлиската Империја, уште пред да биде освоен Истанбул. Таа е дело на архитектот Мимар Синан, едниот од најголемите и најгенијалните архитекти во светот, досега.

Џамијата Селимије и Куллијето т.ј комплексот од градби е изградена по наредба на османлискиот султан Селим втори и со нејзината техничка извонредност, димензиите и естетските вредности, се оценува за едно од највеличествените дела не само во тоа време, туку и во понатамошните времиња, а дури и денеска. 

Изградбата на Џамијата Селимије која со својот раскошен изглед ги воодушевува посетителите започнала во 1568 година. Работеле приближно 15.000 лица и била завршена дури во 1575 година.

И покрај тоа што нејзината величественост се забележува дури од далеку, вистинското воодушевување и вистинскиот восхит се чувствуваат кога ќе се влезе внатре во џамијата.

Кубето, односно сводот или куполата во Џамијата Селимије ја претставува едната од врвните точки до која што достигнал Мимар Синан во својата професија. И покрај тоа што располага со една ваква огромна и широка купола не било дозволено столбовите кои ја потпираат оваа купола да го подели внатрешниот простор.

Располага со простор каде што би можеле слободно да клањаат 6.000 лица. Минарињата пак кои што се наоѓаат на сите четири страни на џамијата и од кои секое минаре е со по три шерефи, односно простори од каде што се чита езан, повикот за намаз, т.ј. клањање, се меѓу најелегантните во светот, од овој вид шерефи.

Со архитектонски успех кој што зачудува внатре во минарињата се поставени три различни скали кои што не се пресекуваат една со друга. 

Архитектот Мимар Синан кој оставил во наследство на историјата на архитектурата во светот едно извонредно, величествено дело, оваа џамија ја дефинирал како негово „Мајсторско дело“. Каменот, мермерот, дрвото, седефот и особено мотивите на чинии т.ј. порцелан, изработките на сводот т.ј. кубето (куполата) и столбовите или појасите, дворот, библиотеката, образовните институции го претставуваат врвот на видот на уметност.

Со својата неприкосновена архитектура и грандиозност ја презентира точката до која што достигнала османлиската архитектура уште пред стотици години, од технички и естетски аспект.

Џамијата Селимије и Куллијето т.ј. комплексот од градби, се оценува како една од највеличествените примери на уметноста на архитектурата и како ремек дело на творечката генијалност на човекот.

 

Во 2011 година е внесена во Списокот на светското наследство на УНЕСКО.

За да ја видите оваа извонредна џамија ако одите и го посетите Едирне во месец јули би можеле да ги следите и натпреварите во борење со мачкање зејтин (борење со масло) на пеливаните во Киркпинар, кои што продолжуваат повеќе од 600 години.

За да би можеле да ги видите и учествувате на манифестациите Какава кои што се организираат од страна на Ромите во градот, за посета треба да го изберете месецот мај.

Секако ние ви предлагаме да не заминете од Едирне без претходно да ги посетите музеите за здравје, турско-исламски дела, балканските војни, и се разбира без да пробате од овдешниот специјалитет џигер тава како и да купите каша од бадеми, мис сапун и сирење.
 



Слични вести