Туристите ќе уживаат во туристичкиот воз Источен Експрес

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека возот Источен Експрес во последно време почна да се употребува со туристичка цел и ја даде радосната вест дека ќе биде воведен уште еден воз

1152289
Туристите ќе уживаат во туристичкиот воз Источен Експрес

Туристите ќе уживаат во туристичкиот воз Источен Експрес.

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој истакна дека возот Источен Експрес (Doğu Ekspresi) во последно време почна да се употребува со туристичка цел и ја даде радосната вест дека ќе биде воведен уште еден воз.

Министерот Ерсој во возот Источен Експрес кој што поаѓа од главниот град Анкара и преку градовите Киркларели, Кајсери, Сивас, Ерзинџан и Ерзурум пристигнува во градот Карс, се качи во градот Ерзурум и истакна дека ќе се донесе решение за неможноста да се најде место на оваа линија.

Нагласувајќи дека возот Источен Експрес во последно време почна да се истакнува на преден план со туризмот и дека многу стана тешко да се најде билет, Ерсој рече: "Источниот Експрес наеднаш почна да станува туристички воз. Сега ние велиме тогаш да воведеме уште еден воз во усогласеност со целта. Оние кои одат со туристичка цел своите патувања да ги реализираат со тој воз. И Источниот Експрес да ја извршува својата задача, и да воведеме уште еден туристички воз  во усогласеност со неговата сегашна нова цел."

Министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој појасни дека туристичките возови имаат свои неколку многу познати дестинации во светот и додаде: "И оваа наша линија многу лесно би можела да стане меѓународна туристичка дестинација."



Слични вести