Институциите на Турција со улога на мост 08/2019

Активностите за дијаспора во светот денеска не се ограничени само со државјанството; дефиницијата на дијаспората во одреден контекст се проширува опфаќајќи ги притоа и заедниците со кои се располага со историски и културни врски

1151523
Институциите на Турција со улога на мост 08/2019

Во денешното продолжение од оваа наша програмска содржина насловена како „Институциите на Турција со улога на мост“ продолжуваме да говориме за Претседателството на Турците во странство и роднински заедници.

Активностите за дијаспора во светот денеска не се ограничени само со државјанството; Како што би можеле да видиме во земји како што се Русија, Англија, Франција, Индија и Кина како најдобри примери, дефиницијата на дијаспората во одреден контекст се проширува опфаќајќи ги притоа и заедниците со кои се располага со историски и културни врски.

На тој начин, и земјите со кои Турција, како земја претставник на една значајна култура и цивилизација, располага со заеднички вредности и кои ги нарекува „братски“, во овие рамки ја сочинуваат „културната дијаспора“ на нашата земја. Активностите на  Претседателството на Турците во странство и роднински заедници,  за одбрана на нашето заедничко наследство и взаемната соработка со нашите братски заедници кои опфаќаат голем дел од земјината површина, претставува потреба и на сфаќањето за дијаспора која ќе биде во усогласеност со историската и културната длабочина на нашата земја. Освен тоа, дијаспората на граѓанска основа на нашите братски заедници и дијаспората на основа на турското државјанство во повеќето земји живеат една покрај друга и делуваат заеднички за правата на доселениците. На тој начин дијаспората на основа на државјанство на нашата земја и културната дијаспора се надополнуваат една со друга и со тоа добиваат уште една карактеристика.

Едната од нашите најзначајни активности со која што им се придава долготраен аспект на нашите односи со нашите братски заедници на научна и хумана основа, е прашањето со меѓународни ученици (студенти) кое се истоветува со марката „Стипендии на Турција“. Меѓународните ученици-студенти од кои мнозинството доаѓаат од нашите братски заедници добиваат образование на турските универзитети во сфери во кои постои потреба во нивните земји, а со тоа придонесуваат кон нашите односи со сродните земји, на основа на споделување на взаемна корист и искуство. Овие студенти, и по дипломирањето со посредство на Здруженијата на дипломирани студенти во Турција кои ние како Претседателство на Турците во странство и роднински заедници ги поддржуваме во светски рамки, ја продолжуваат својата комуникација со нашата земја. На тој начин, Турција која го зголемува нивото на пристап до образование во светот, истовремено располага и со „дијаспора на симпатија“ на глобален план, која го согледува одблизу своето сфаќање за мир и соработка.

Овие активности во глобално својство, на Претседателство на Турците во странство и роднински заедници се од најубавите примери на тоа дека интересите на земјата не се контрадикторни со интересите на меѓународната заедница, туку напротив тие би можеле да бидат во надополнувачкоö комплементарно својство едни со други.



Слични вести