Турскиот пијанист и композитор Фазил Сај приреди концерт во германскиот град Бремен

Меѓу гледачите на концертот што го приреди светски познатиот турски пијанист и композитор Фазил Сај синоќа во Бремен беа и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбердер

1148092
Турскиот пијанист и композитор Фазил Сај приреди концерт во германскиот град Бремен

Светски познатиот турски пијанист и композитор Фазил Сај приреди концерт во германскиот град Бремен.

Фазил Сај настапи на традиционалниот Федерален претседателски концерт што се одржа синоќа во концертната сала во Бремен „Die Glocke“, а со цел собирање помош.

Концертот го следеа и германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер и неговата сопруга Елке Буденбердер.

Фазил Сај во придружба на Бременскиот филхармониски оркестар под водство на шеф Стевен Слоане изведе дела на Волфганг Амадеус Моцарт, Леонард Бернштајн и Џорџ Гершвин.

По концертот германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер разговараше со Сај.

Федералниот претседателски концерт се одржува уште од 1988 година и тоа секоја година во друга германска покраина.



Слични вести