Културниот портал на Турција во 2018 година го посетија над 4,5 милиони посетители

Културниот портал на Турција „www.kulturportali.gov.tr“ во 2018 година го посетија 4 милиони 618 илјади 456 лица

1143605
Културниот портал на Турција во 2018 година го посетија над 4,5 милиони посетители

Културниот портал на Турција, формиран со цел да се обезбедат доверливи информации на домашните и странските туристи во сферата на културата, туризмот и уметноста, минатата (2018) година го посетија 4 милиони 618 илјади 456 лица.

Во Културниот портал на Турција на веб адресата „www.kulturportali.gov.tr“ подготвен од страна на Министерството за кутлура и туризам, се наоѓаат информации во безброј различни сфери од турскиот јазик и книжевноста до народната книжевност, од турските украсни уметности до археолошкото наследство и од производи со географски ознаки до традиционалната кујна.

Порталот е формиран во 2015 година со цел да се доставуваат доверливи информации по прашањето на турската култура, туризмот и уметноста.

Освен тоа домашните и странските новинари кои го посетуваат порталот каде што се внесени информации и различни податоци за сите градови на Турција, оттука можат да се стекнат со детални податоци, информации и знаења за местата кои што можат и треба да се посетат, хотелите во кои може да се претсојува, специјалитетите кои што можат да се пробаат, различните туристички активности и сувенири кои што би можеле да се купат во Турција. 

Во порталот има и текстови напишани од страна на уредниците во кои се изнесуваат различни предлози, а исто така се внесени и детали во врска со значајни културно-историски манифестации.

Според податоците на бесплатниот веб сајт сервис за анализа на перформансот „Гугл Аналитикс“, порталот во 2017 година беше посетен од страна на 1 милион 881 илјада 422 посетители со 2 милиони 912 илјади 486 разгледани страници.

Минатата (2018) година пак, бројот на посетители на порталот со раст од 145 отсто изнесуваше 4 милиони 618 илјади 456 лица.

Бројот на разгледани страници пак во 2018 година во споредба со 2017 година  со раст од 128 отсто достигна до 6 милиони 668 илјади 356 страници.

Според истите податоци, страниците за градовите пак во 2018 година беа посетени 3 милиони 732 илјади 571 пат.

Меѓу 5'те најмногу посетувани градови редум еба Бурса, Мерсин, Газиантеп, Коџаели и Ерзурум.



Слични вести