Институциите на Турција со улога на мост 06/2019
Претседателството на Турците во странство и роднински заедници






Во оваа наша програмска содржина „Институциите на Турција со улога на мост“, говориме за нашите институции како што се Институтот Јунус Емре, Претседателството за Турците во странство и роднински заедници, Црвената полумесечина Кизилај и Турската агенција за соработка и координација ТИКА, кои во голем број земји и региони ширум светот фрлаат потпис на безброј успешни социо-културни проекти.
Во првите наши програмски содржини ви доставивме информации и податоци во врска со Турската агенција за соработка и координација ТИКА, а накусо се осврнавме и на активностите на оваа наша институција во сите делови на светот.
Почнувајќи од оваа недела ќе говориме за една друга наша институција со улога на мост, Претседателството за Турците во странство и роднински заедници, кое исто така фрла потпис на крајно значајни проекти и работи насекаде низ светот.
Претседателството за Турците во странство и роднински заедници е формирано на 6 април 2010 година и оттогаш ја презеде задачата за координирање на работите на студентите стипендисти од нашите граѓани кои живеат во странство, нашите братски и роднински заедници и меѓународните студенти стипендисти кои студираат во Турција, како и задачата за развивање на услугите и активностите кои што се реализираат во овие сфери.
Претседателството за Турците во странство и роднински заедници, со активностите кои што ги води ги зајакнува односите како со нашите граѓани кои живеат во странство, така и со нашите братски и роднински заедници, и со тоа се воспоставуваат поблиски економски и социо-културни врски. Студентите стипендисти од Турција пак, стануваат наши доброволни амбасадори на сите страни во светот.